Хрватските медиуми ќе пукнат од љубомора за Супер купот во Скопје – Македонија требало да се избегнува летно време

Хрватските медиуми не можат да се помират што токму Скопје беше избрано од УЕФА за одржувањето на Суперкупот 2017, па почнаа да плукаат „отров“ по одлуката на Нион токму во македонската престолнина силите да ги одмерат Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Некој многу ‘паметен’ од УЕФА решил мечот да се игра во Скопје и тоа на 8 август од 20.45. Овој потег на европската организација можеби би бил и за пофалба, зашто убаво е да им се дава нешто и на сиромашните и на малите за да им се даде ‘чувство’ дека се на исто ниво со богатите. Но, да го изберете Скопје во текот на летото, апосебно за фудбалси натпревар е доказ само за елементарна неукост и лошо планирање. Зашто дури и површните познавачи на климатските прилики знаат дека Македонија во ова време е пекол на земјата. Таа е убава, но во лето треба да се избегнува, пишува порталот Индекс.

Ние само може да ги жалиме хрватските колеги што во скора иднина нема да можат да се надеваат на ваков настан кај нив, бидејќи УЕФА не дава организација на третокласни стадиони како нивните Пољуд и Максимир иако климата им е демек, подобра од нашата.

Така да, драги Хрвати и уште подраги Хрватици, истуширајте се, напијте се ладно пивце и кулирајте, сепак сте во градот кој организира УЕФА Суперкуп 2017, пишува „Спорт1.мк“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.