Хрватските навивачи во Бразил носат македонски маички

Хрватските навивачи во Бразил носат маички од македонско производство. За потребите на хрватското пиво „Ожујско“, штипскиот бренд „ЕАМ“ произведе повеќе од 70.000 маички со навивачки пароли за Хрватска на Светското фудбалско првенство. Истите веќе се испратени во Хрватска, а оттаму во Бразил.

Александар Патраклиски, менаџер на „ЕАМ“, вели дека маичките кои се печатени со врвна технологија на оригинален македонски производ, ќе се делат во Бразил. Ексклузивна фото сесија за настанот ќе биде направена со поддршка на хрватскиот репрзентативец Марио Манџукиќ, кој е дел од националниот тим.

„ЕАМ“ Штип е познат по квалитетот на своите производите бидејќи се прават од висококвалитетни материјали, а не е тајна дека маичките се произведуваат во постапка, од памук на почеток, па се до финален производ, во погоните на фабриката. Значи станува збор за универзален и оригинален македонски производ“, изјави Патраклиски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.