Хрватските работници блокирани на патот за Швајцарија

Проблемот за влез на хрватските државјани во Швајцарија при прием на Хрватска во ЕУ и швајцарскиот реферндум за ограничување на имиграцијата, дополнително се комплицира по одлуката на Велика Британија дека ќе го блокира начелниот договор на Берн со Брисел за слободно движење на луѓето меѓу Швајацрија и Хрватска.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, Швајцарија постигнала решение со Европската унија откако претходно одбила да потпише догвоор за слободно движење со Хрватите. Но, Велика Британија вчера неочекувано побара пауза во преговорите бидејќи се работи за „важно и чувствително прашање“ се додека за тоа не се изјасни британското Министерство за надворешни работи.

Британците велат дека тоа не е против Швајцарија, туку се работи за начела и европски процедури и дека швајцарската влада се надевала дека прашањето со хрватските работници ќе ги решат до Велигден, но пропадна.