Хрватските телекомуникаски оператори со бесплатен интернет и повици им помагаат на поплавените

Хрватските телекомуникациски оператори информираат дека ќе обезбедат бесплатни повици, СМС и интернет на лицата кои се зафатени во поплавите со цел полесна комуникација за тоа што им е најпотребно.

Хрватаски телеком информираше дека обезбедиле бесплатен интернет и wi-fi зони, како и доволно сим картички и ваучери за нивно надополнување за да овозможат непрекината комуникација со настраданите, објавуваат хрватските медуими.

Од Хрватски телеком во соопштението додаваат и дека се откажуваат од ДДВ-то и дека тие пари ќе бидат наменети за купување на потребните намирници за лицата кои беа зафатени во поплавите.

Телекомуникациската мрежа Випнет, на загрозените им овозможи бесплатни повици и смс пораки кон сите мрежи, како и бесплатно користење на апликацијата Facebook, преку која ќе можат полесно да се огранизираат за потребните работи.

Мрежата Теле2 во соработка во Црвениот крст, на настраданите им подели 250 уреди, 1.000 сим картички со понуда од 1.000 бесплатни повици и смс, како и 1GB интернет.

Во акцијата за помош се вклучија и хрватските компании и банки. Банките освен за Хрватска, парични средства донирале и за Србија и за Босна и Херцеговина. Исто така, за настраданите од поплавата се предвидени и кредити без дополнителни трошоци.

Во акцијата за донирање се приклучија и бројни фирми како Кроација осигурување, Подравка, Агрокор и многу други.