Балкан

Хрватското тужителство демантира дека никој не е процесуиран за случајот „Олуја“

Хрватското тужителство демантира дека никој не е процесуиран за случајот „Олуја“

Хрватското државно тужителство го отфрли тврдењето на Српскиот демократски форум дека и 19 години по крајот на акцијата „Олуја“ во Република Хрватска никој не е процесуиран за злосторствата направени врз српските цивили за време и по таа акција.

„Надлежните државни тужителства редовно објавуваат соопштенија за одлуките за предметите кои се во нивна надлежност и за кои е видливо дека се поврзани со кривични дека како воени злосторства. Работата за предметите кривични дела за воени злосторства и понатаму трае, како со постапки пред судовите, така и во коорсинација со полицијата и другите државни тела кои се должни да ги решат предметите“, се тврди во соопштението на тужителството.

Тие наведуваат дека при процесуирање на кривичните дела за воени злосторства не се прави разлика меѓу сторителите и жртвите, по нивна национална основа.

Српскиот декомкратски форум во денешното соопштение истакна дека сите убиста на српски цивили за време на акцијата „Олуја“ имале карактер на „масовна ликвидација на цивилно странско население и по оддамнешното завршување на акцијата, и покрај обидите, ќе биде тешко воените злосторства да се сокријат или оправдаат со воената акција“.