HRW: Ирак колективно ги казнува семејствата на припадниците на Исламската држава

(Photo by AFP)

Меѓународната организација за човекови права Human Rights Watch (HRW) ги обвини ирачките безбедносни сили дека присилни преселуваат најмалку 170 семејства на осомничени за припадност на ултрарадикалната сунитска групација Исламска држава во „камп за рехабилитација“ како форма на колективно казнување.

Ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади прогласи во понеделникот победа над џихадистичката група Исламска држава во нејзиното најголемо урбано упориште градот Мосул, три години откако оваа терористичка организација го зазема вториот по големина ирачки град и го прогласија за седиште на нејзиниот „калифат“ објавен на териториите во Ирак и во Сирија, а кој по нивната замисла требаше да се прошири на целиот свет.

Ирачката влада сега се соочува со задачата да ја спречи одмаздата против луѓето блиски на Исламската држава, коешто покрај сунитско-шиитските секташки тензии, би можело да ги поткопа напорите за воспоставување долгорочна стабилност во земјата.

„Ирачките власти не смеат да казнуваат цели семејства поради дејствијата на нивните роднини. Ова навредливо однесување претставува воено злосторство и ги саботира напорите за промовирање на помирувањето во областите кои се преземени од Исламската држава“, изјави заменикот директор на HWR за Блискиот исток, Лама Факих.

Тој се заложи за тоа на семејствата да им биде дозволено да заминат каде сакаат за да можат да живеат безбедно.
Портпаролот на ирачката војска, меѓутоа, за новинарите изјави дека не е запознаен со конкретни случаи, но негираше дека ирачките сили преселуваат насилно цели семејства.

„Немаме прецизни информации за тоа што се случува, но нема ситуација или сценарио според кое ирачките сили со сила би ги извлекувале луѓето од нивните домови како ирачки државјани. Настојуваме да им обезбедиме сигурно напуштање на местата каде што се водат борби“, изјави бригадниот генерал Јахја Расол, портпарол на здружената команда.

Во соопштението на HWR се наведува дека присилното раселување и арбитрарното заточување се случуваат во покраините Анбар, Бавел, Дијала, Салхудин и Нинева, како и дека со тоа се опфатени стотици илјади семејства. Се наведува, исто така, дека ирачките сили сториле малку за да ги спречат кршењата на нивните права а во некои случаи нивните припадници учествувале во тоа.

Организацијата наведува дека го посетила кампот во Бартала и разговарале со 14 семејства, од кои секои брои до 18 членови.

„Новите жители наведуваат дека ирачките безбедносни сили ги довеле семејствата во кампот и дека полицијата таму ги држи и против нивната волја поради обвинувања дека имаат роднини поврзани со Исламската држава“, наведуваат од HWR.

Организацијата се повикува на сведоштво на здравствени работници, кои рекле дека најмалку десетина жени и деца починале во текот на преселувањата во камповите, главно поради дехидрација.

Ирачката влада објави дека ја истражува видеоснимката којашто наводно прикажува како војници егзекутираат милитанти на Исламската држава фатени во Мосул. На снимките мажи во воени униформи фрлаат невооружен маж од карпа а потоа пукаат во неговото неподвижно тело.

Портпаролот на ирачкото министерство за внатрешни работи изјави дека они кои се одговори за овој чин ќе одговараат, доколку се покаже дека снимката е автентична. Додаде дека кршењето на човековите права е непррифатливо и дека видеот треба да биде истражено.