Свет

Хуан Карлос вечерва го потпишува законот за абдикција, утре крунисување на Фелипе

Хуан Карлос вечерва го потпишува законот за абдикција, утре крунисување на Фелипе

Шпанскиот крал Хуан Карлос вечерва ќе го одржи својот последен прием како крал, во текот на приемот ќе го потпише законот со кој званично стапува на сила неговата абдикција, најавена на 2 јуни.

Хуан Карлос (76) се одрече од престолот во корист на синот Фелипе кој утре ќе биде крунисан.

Шпанскиот крал, кој нема да одржи говор, ќе го потпише законот во присуство на сопругата Софија, синот Фелише и снаата Летиција, која утре ќе стане првата кралица со граѓанско потекло.

Princess+Letizia+Spain+Celebrates+40th+Birthday+Bg1MFBASwsGl
Принцезата Летиција и Принцот Фелипе IV

Двата дома на шпанскиот парламент гласале за новиот крал, што е неизбежна административна процедура пред крунисувањето.

Фелипе IV ќе има тешка мисија да го врати легитимитетот на монархијата која ја потресоа афери за корупција и тешка економска криза.