Спорт

Хуан Квадрадо или Даглас Коста – кој ќе биде следниот што ќе пристигне на Стемфорд Бриџ ?!

Хуан Квадрадо или Даглас Коста – кој ќе биде следниот што ќе пристигне на Стемфорд Бриџ ?!

Тимот на Челзи игра одлично оваа сезона, но кога е Жозе Мурињо во прашање, никогаш не е доволно добро.

Токму поради ова тој во текот на зимскиот преоден рок сака да го засили и онака силниот тим, а за тоа има две варијанти. Едната е Хуан Квадрадо од Фиорентина, колумбиското брзоного крило, додека за втората повторно ќе треба да пазари во Шахтјор, односно ќе се обиде да го доведе сонародникот и поранешен соиграч на Вилијан, Даглас Коста.

Сепак, ако може да им се верува на медиумите од Островот, поблиску до “сините” е Бразилецот Даглас Коста, кој на трансфер пазарот има 10-тина милиони евра помала вредност од Квадрадо.

Мурињо веќе одлучи дека сака да ги продаде Мохамед Салах и Андре Шурле и со парите што ќе ги добие од нивните трансфери, да доведе екстра засилување. Дали тоа ќе биде Хуан Квадрадо или Даглас Коста, ќе остане тајна се до последните денови од преодниот рок.