Хуан Мата ќе биде најскапата аквизиција на Манчестер Јунајтед

Ако им се верува на англиските медиуми, тогаш шпанскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Чезли, Хуан Мата, до крајот на оваа недела ќе би претставен како најскапа аквизиција во клупската историја на Манчестер Јунајтед.

Близок извор до таборот на Манчестер Јунајтед потврди дека преговорите помеѓу двата клуба се во завршна фаза и дека Мата ќе дебитира во “гаволскиот” дрес веќе на следниот првенствен натпревар против екипата на Кардиф.

“Преговорите помеѓу двата клуба се во завршна фаза, а Манчестер го прифати побараното обештетување од 40 мил. евра. Најавениот трансфер најверојатно ќе биде реализиран до крајот на оваа недела и од понеделник ќе му биде на располагање на менаџерот на Јунајтед, Дејвид Мојес”, изјави блискиот извор до таборот на Манчестер.