Хуан Мата се’ поблиску до Паркот на Принцовите

Сопствениците на најбогатиот клуб во француската Прва лига, ПСЖ, експресно реагираа на сензационалната информација дека шпанскиот интернационалец од редовите на Чезли, Хуан Мата, добил зелено светло од контроверзниот менаџер, Жозе Мурињо, за промена на клупската средина и тоа за време на зимскиот преоден рок.

Трофејниот португалски стручњак пред неколку дена изјави дека сака да го задржи на „Стемфорд Бриџ” крилниот напаѓач, но додаде дека нема да му направи ниту еден проблем доколку Мата донесе одлука за промена на клупската средина.

Раководните лица на актуелниот шампион на Франција, ПСЖ, веќе потврдија дека се подготвени да испратат официјална понуда за репрезентативецот на Шпанија, а истата нема да биде помала од 25 милиони фунти.

Само за потцетување, Мата пред три сезони се пресели на „Стемфорд Бриџ”, откако сопственикот на „сините”, Роман Абрамович прифати да го исплати побараното обештетување од 23,5 милиони фунти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.