Спорт

Хуан Мата во Манчестер Јунајтед, Руни во Челзи

Хуан Мата во Манчестер Јунајтед, Руни во Челзи

Англиските медиуми пред неколку часа ја пласираа сензационалната информација дека раководните лица на Челзи се подготвени да седнат на преговарачката маса и да разговараат со челниците на Манчестер Јунајтед кои пак сакаат да ги осигураат услугите на шпанскиот интернационалец, Хуан Мата.

Репрезентативецот на Шпанија има очајна минутажа откако во менаџерската фотеља седна контроверзниот португалски стручњак, Жозе Мурињо и се погласни се шпекулациите дека сака да си замине од “Стемфорд Бриџ” за време на зимскиот преоден рок.

Поранешниот фудбалер на Валенсија веднаш ќе добие зелено светло за преселба на “Олд Трафорд” доколку понудата на Јунајтед не биде помала од 40 мил. евра, а во игра е и опцијата Мата да му биде продаден на големиот ривал од Премиер лигата и тоа за 20 мил. евра, доколку челниците на Манчестер му дозволат на Вејн Руни да се пресели на “Стемфорд Бриџ” за време на летниот преоден рок.