Хуго Лорис е достапен за 100 милиони фунти

Актуелниот менаџер на лондоснкиот премиерлигаш Тотенхем, Тим Шервуд, откри колку ќе побараат клупските челници доколку некој клуб покаже сериозен интерес за првиот голман на популарните „петли”, францускиот интернационалец, Хуго Лорис.

„Лорис е во групата на најдобри голмани на денешницата. Нормално е да има голем интерес за неговите услуги, но јас сум убеден дека Лорис нема да си замине од Лондон за време на летниот преоден рок. Клупските челници на Тотенхем ќе седнат на преговарачката маса но само доколку заинтересираниот клуб испрати официјална понуда не помала од 100 мил. фунти. Тешко дека ќе се најде таков клуб кој ќе одвои толку пари за еден голман и затоа сум убеден дека нема да си замине од Лондон. Лорис сигурно ќе биде дел од престојниот Мундијал во Бразил, не треба да се докжаува, неговото место во репрезентацијата на Франција е загарантирано”, изјави Шервуд.

Во изминатите неколку недели, англиските медиуми ја форсираа приказната дека Лорис важи за голема желба на најбогатиот француски клуб ПСЖ, но тешко е за вреување дека челниците на ПСЖ ќе одвојат 100 милиони фунти за услугите на првиот голман на Тотенхем.