Хулахопките денеска го слават 75-от роденден

Хулахопките, кои се моден и корисен додаток, на денешен ден пред 75 години се пуштени во комерцијално производство.

Првите хулахопки се произведени во американската компаниа „Ду Понт“, кога се раскажувало дека се направени од чудотворни влакна. Откако почна нивното масовно производство една година подоцна, било јасно дека тоа ќе биде производ кој што ќе го обожаваат жените ширум светот.

За усовршување и изработка на овие чорапи заслужен е Валас Каротерс и неговиот тим. Кога излегле на пазарот тие тогаш биле евтини за денешни услови, а цената им била помала од два долара.

Интересно е дека прототипот на хулахопките е прикажан на светска изложба во 1939-та година заедно со клима уредот, фотографиите во боја и уште неколку за тоа време непознати изуми.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.