Хулигани нападнале министерство во Грција

Група од околу 40 засега непознати лица, минатата ноќ упаднале во Министерството за образование на Грција и нанеле сериозни материјални штети на објектот, соопшти утрово грчката полиција.

Хулиганите влегле во дворот на Министерството, што се наоѓа во атинскиот кварт Маруси, и со камења искршиле неколку прозорци и безбедносни камери на зградата. 

Полицијата успела да уапси осуммина од насилниците, но нивниот идентитет, како ни мотивите за ваквата постапка, досега не се соопштени.

Грчкото Министертсво за образование го осуди овој „вандалски акт“, нагласувајќи дека сите оние што на ваков начиин се обидуваат да го заплашат грчкото општетсво, треба да знаат дека тоа бесполезно.