Хулиганите на СДСМ и платениците на СОРОС фрлале камења кон вработен во РСМ

Хулиганите на СДСМ и платениците на СОРОС фрлале камења кон вработен во РСМ (Радио Слободна Македонија).

За време на вчерашните протести во организација на граѓанската иницијатива „Протестирам“, а поддржани од опозицијата пред зградата на Владата на Република Македонија, просториите на „Радио Слободна Македонија“ кои се наоѓаат во непосредна близина, повторно беа цел на вандалски напад.

rsm-iskrseno1

Додека дел од вработените беа на своите работни места, а еден од нив влегувал во просториите на медиумот врз него биле фрлени неколку камења и тврди предмети кои ја погодиле влезната стаклена врата која е целосно уништена.  Притоа новинарот бил испратен со погрдни зборови и физичка закана, информираат од РСМ.

Инаку, ова не е прв пат „Радио Слободна Македонија“ да биде цел на вандалски напад и демолирање од учесници на протестите поддржани од опозицијата. Објектот на радиото и на неделникот „Република“ беше на цел на напади и за време на насилните протести од мај минатата година.