четврток, 22 декември 2016  |  Вести денес: 46

Хулиганите на Заев во очај почнаа и физички да се пресметуваат (ВИДЕО)

Само 1.500 до 2.000 најверни послушници вечерва постапија по инструкциите кои ги дава и излегоа повторно да ги сквернават институциите и спомен обележјата, пишуваа Курир.

Хулиганите на Заев во очај почнаа и физички да се пресметуваат

Хулиганите на Заев во очај почнаа и физички да се пресметуваат

Поврзани вести

Скопје се спротивстави на насилството и деструкцијата која дивите орди на опозицискиот лидер Зоран Заев ја демонстрираа на насилните протести изминативе денови.

Само 1.500 до 2.000 најверни послушници вечерва постапија по инструкциите кои ги дава и излегоа повторно да ги сквернават институциите и спомен обележјата, пишуваа Курир.

Во првите редови се забележуваа најблиските соработници на Бранко Црвенкски, како Горјан Тозија кој му беше и советник за култура. Токму советникот за култура беше еден од оние кои фрлаа со предмети кон триумфалната капија.

Доколку Заев на синоќешното интервју ја говореше вистината дека на синоќешните насилни протести имале околу 7.000 поддржувачи, за само еден ден, тој број тројно се намали и покажа дека Скопје нема доверба во деструктивци кои сакаат да ја уништат државата.

Затоа оние кои одлучија да излезат и денеска на протести својот гнев против полицијата и институциите го изразија на социјалните мрежи.  Повеќе граѓани реагираат и се жалат дека биле пцуени и навредувани заради тоа што не се придружиле на толпата.

Најчитани вести