Хулк Хоган доби оштета од 115 милиони долари

Жолтиот сајт „Гоукер“ (Gawker) треба да исплати отштета од 115 милиони долари на ѕвездата Хулк Хоган поради објавувањето на секс видео со негово учество.

На поротата ѝ требаа 6 часа да стигнат до одлуката на започнатото пред 2 недели граѓанско судење во Флорида. Хоган кој има 62 години, поднесе жалба, според која видео клипот во кој се гледа како тој има секс со жената на негов пријател го прекршил неговото право на личен живот и го понижил .

Според податоците на адвокатот на Борачот, снимката е прегледана 7 милиони пати по нејзиното објавување во сајтот. Должината на видеото е 1 минута и 41 секунди. Тери Боел, какво што е вистинското име на Халк Хоган, изјави пред судот дека неговиот пријател, радио водител  со прекар “Љубовниот сунѓер”, е во “отворен брак” и сакал неговата жена да има секс со ѕвездата.

По неколку барања од страна на пријателот, Хоган се согласил, без да знае дека чинот е снимен тајно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.