Хуман гест „Од деца за деца“

Во основното училиште ,,Јан Амос Коменски‘‘ вчера се одржа традиционалниот Велигденски хепенинг, на кој беа изложени прекрасни украси и подароци изработени од вредните раце на учениците, наставниците и родителите.

Во соработка со одделението за детска, социјална и здравствена заштита при општина Карпош, подмладокот на училишниот Црвен Крст и советот на родители, собраа средства кои ќе бидат наменети за малиот карпошанец, деветгодишниот Ѓорѓи кој боледува од церебрална парализа и аутизам.

2

Со овој хуман гест, основците од „Коменски“  сакаат да ја подобрат тешката здравствена состојба во која се наоѓа Ѓорѓи. Бидејќи ова семејство влегува во категоријата на социјално загрозени лица, за нив беа обезбедени  неопходни апарати за домаќинство, а локалната самоуправа им додели еднократна парична помош, како би им ги подобриле тешките животни услови.

Училиштето ,, Јан Амос Коменски ‘‘ веќе традиционално, два пати во годината организира хуманитарни хепенинзи, по повод Новогодишните и Велигденските празници.