Спорт

Хуманата страна на Борко Ристовски – донираше пари за Клиниката за детски болести

Хуманата страна на Борко Ристовски – донираше пари за Клиниката за детски болести

Постојано сме сведоци како светски познатите спортисти постојано учествуваат во хуманитарни натпревари, делат најразлични донации итн.

Дека тоа е случај и во нашата држава, покажа голманот на македонската ракометна репрезентација, Борко Ристовски, кој одвои време од напорните подготовки за СП во ракомет и донираше 90.000 денари за Клиниката за детски болести во Скопје.

“Сакам да изразам голема благодарност до Борко Ристовски за овој хуман гест. Размислувавме дали парите да се вложат во опрема или во дел за заокружување особено на Онколошкиот оддел каде ќе имаме една мини училница…Верувам дека во тој дел ќе бидат вложени средствата. Идната година со новите планови сигурно ќе направиме такво нешто и за сите одделенија”, изјави Аспазија Софијанова, директорка на Клиниката за детски болести.