Македонија

Хуманата страна на граничната полиција: Помош при раѓање на здраво девојче

Хуманата страна на граничната полиција: Помош при раѓање на здраво девојче

Полициски службеници од граничната полиција во близина на Богданци пред два дена пронајдоа 18-годишна авганистанската државјанка со илегален влез и престој во Македонија.

Истата имала симптоми на породилни болки и веднаш и била укажана помош од страна на службените лица. Граничната полиција брзо остварила контакт со ЈЗУ-Општа болница Гевгелија  по што на местото на настанот пристигнало возило на Брза помош при што било констатирано дека мора веднаш да се реагира.

Бидејќи ЈЗУ-Општа болница  Гевгелија не биле во можност да го превземат и згрижат лицето, граничните полицајци хумано, несебично и брзо реагирале по што лицето го транспортирале со службено полициско возило до Здравен дом Валандово каде во 21,25 се родило здраво женско бебе благодарејќи и на брзата интервенција на целиот персонал.

Докторот изјавил дека породувањето поминало без проблеми меѓутоа доколку лицето не било пренесено навремено во медицинскиот центар постоела опасност од задушување на детето поради компликации со папочната врска која била замотана околу вратот на детете, а исто така и до смрт на мајката.