Магазин

Хуманитарен базар и мини концерт на Виктор Апостоловски во Капитол Мол

Хуманитарен базар и мини концерт на Виктор Апостоловски во Капитол Мол

По повод Денот на жената, во Капитол мол, на 7-ми и 8-ми март, од 11 до 15 часот, ќе се одржи Хуманитарен базар на кој ќе учествуваат деца од основните училишта во општина Аеродром.

Учесниците на настанот ќе изработуваат предмети и честитки, а средствата што доброволно ќе бидат собрани во оваа акција ќе бидат наменети за одбележување на Денот на жената на пациентките на Универзитетската клиника за радиотерапија и оноколгија, во Скопје. Хуманитарниот базар ќе се организира во соработка со Црвен крст, од општинската организација на Кисела Вода. Воедно, во сабота, со почеток во 13 часот, посетителите на Капитол мол ќе можат да се забавуваат на мини концертот на младата естрадна ѕвезда, Виктор Апостоловски.

„Ние во секоја прилика се обидуваме да ги промовираме креативните вредности кај дечињата, како и општествената одговорност, затоа што тоа е од особено важност за сите нас. Истовремено, Капитол мол со вакви и слични проекти, станува место за изразување и дружење на дечињата од градот и пошироко. Од друга страна, сакаме да ја поттикнеме хуманоста кај нашите сограѓани и барем симболично да им помогнеме на пациентките кои се на клиниката за радиологија и онкологија,“ велат во Капитол Мол.

За присуство на хуманитарниот базар се пријавија 200 деца од основните училишта: „Гоце Делчев“, „Браќа Миладиновски“, „Димитар Македонски“, „Александар Македонски“ и „Ѓорѓија Пулевски“. Малите креативци со своите вешти рачиња на хартија ќе ги пренесат чувствата за сите жени кои се важни во нивниот живот.