Хуманитарен базар за помош на слепите и лицата со оштетен вид

Хуманитарен велигденски хепенинг во организација на општина Ѓорче Петров и Здружението на слепи и лица со оштетен вид денеска ќе се одржи во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“. Собраните средства ќе бидат наменети за помош на слепите лица.

Рачно изработени ракотворби и велигденски погачи, колачи, бојадисани јајца,…, кои го симболизираат најголемиот христијански празник ќе имаат можност да ги видат сите граѓани на општината Ѓорче Петров и пошироко и воедно да донираат на оние на кои им е најпотребно.

Најдобрите три рачни изработки ќе бидат материјално наградени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.