Хуманитарен Есма хепенинг

Кралицата на ромската музика, Есма Реџепова покрај својата безвременска музика е позната и по својата хуманост и уникатните фустани.

Музиката, фустаните и хуманоста на Есма овој пат, како и многу пати до сега послужија за една повисока цел: хуманитарна модна ревија за помош на семејството Ќазим.

90-те уникатни модели на фустани, овој пат ги носеа дами од различни општествени сфери како: претставнички од локалната самоуправа, амбасадите, министерствата, бизнис секторот, пејачки, актерки, водителки, новинарки и пријателки, кои се појавија во улога на Есма.

esma1

esma8

-Ваква модна ревија се случила повеќе пати. Овој пат преку хуманитарното здружение „Есма и Стево Теодосиевски“ правиме една добрина за 4-члено семејство од Шуто оризари. Парите собрани од продажбата на картите ќе ги донираме за нив, изјави кралицата на ромската музика.

esma10

Таа додаде дека сакаат со ова да им ја направата престојната нова година поубава и посреќна.

esma11

esma16

-Хуманоста се негува со дела. Јас со задоволство ја прифатив поканата на здружението „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ за да учествувам на денешната хуманитарна модна ревија каде што личности од јавниот и општетсвениот живот носат креации од госпоѓата Есма. Посебно ми е драго што денешната креација која ја носам ја носела Есма за Денот на независноста. Уште повеќе ми е драго што сите собрани средства од продадените карти ќе бидат еден скромен придонес за едно семејство да добие дом, изјави Марија Андоноска, поранешен пратеник.

esma2

esma4

Покрај ревијата, публиката можеше да ужива и во настапот на домаќинката Есма, која дополнително ја збогати атмосферата со позитивна енергија преку своите познати хитови.

esma6

Присутните уживаа и слушајќи ги приказните поврзани со секој фустан.