Хуманитарен концерт на Тони Китановски за поплавените во земјава

Музичарот Тони Китановски со своето трио в среда ќе одржи концерт во клубот “Џез ин” во Скопје.

Концертот е хуманитаре и средствата ќе бидат наменети за помош на настраданите во поплавите што ја погодија нашата држава. Сите собрани средства ќе се донираат на една од отворените жиро сметки од Црвен крст за помош на населението кое е опфатено од поплавите.

Влезница нема да се наплаќа, но на самиот влез секој посетител може да донира самоиницијативно во картонската каса означена со симболот на Црвен Крст.
Триото е составено од Тони Китановски – гитара, Виктор Филиповски – тапани и Кирил Туфекчиевски – бас.