Група на хумани луѓе помеѓу кои и Директорот на клиниката за Детски болести Аспазија Софијанова и Актерката Весна Петрушевска, започнуваат голема иницијатива за организирање на голем хуманитарен концерт под мотото „Подај рака за Евица“ за собирање на финансиски средства за лекување на Др. Евица Бојациева од Штип, која боледува од карцином на Црниот дроб.
Единствена болница која го прифаќа нејзиното лекување е во НР Кина и за третманот потребно е да се уплатат 120.000 долари.
Големиот хуманитарен концерт ќе се оддржи на 6-ти ноември во Дом на АРМ со почеток во 19 часот.
На концертот ќе настапат Соња Тарчуловска, Зоран Џорлев, Јордан Митев, Александар Тарабунов, Александар Белов, Тони Зен, Зуица Лазова, Спасен Силјановски, Наум Петрески, Маја Вукичевиќ, Димитар Андоновски, Влатко Илиевски, Благица Павловска, Даниела Темелковска, Новица Василевски, Дарко Илиевски, Емил Арсов, Коки од тајфата, Анета Наковска, Ѓоко Јовиќ, Кристијан Тасевски и Екстра бенд, Фантазија бенд, Селект бенд, Скопски боеми, Дарко Билбиловски, Урош Туркулов и Зоран Илиев како и многу други.
Цената на влезниците е само 100 денари.
Влезници во Скопје можат да се купат во просториите на приватната фирма Фригошоб кои се наоѓаат во населбата Автокоманда, како и на телефонските броеви 078456663 – Александар или 071619518 – Мартина.
За хуманите луѓе од Штип ќе биде организиран бесплатен автобуски превоз и Штипјани влезници можат да земат на телефонскиот број 078314932.
За Др. Евица Бојаџиева може да се донира и на телефонските броеви:
077-143-702 ВИП
075-143-200 ONE
070-143-108 T-MOBILE