Македонија

Хуманитарен концерт „Сите за Гого“

Хуманитарен концерт „Сите за Гого“

Во ноќниот клуб „Хавана“ во Скопје вечерва со почеток во 21 часот ќе се одржи хуманитарна вечер посветена на Горазд Николоски – Гого.

Младиот битолчанец со спортски и непобедлив дух и во овој момент, кога се соочува со најтешката здравствена и животна криза (малиген тумор на коленото) е таков каков што беше секогаш: ведар, насмеан, оптимист!

Верува дека и овој пат како и во многу други случаи ќе излезе како победник.

Неговото лекување ќе чини доста скапо, а Гого потекнува од скромно семејство.