Македонија

Хуманитарен концерт за изградба на македонска црква во Загреб

Хуманитарен концерт за изградба на македонска црква во Загреб

Македонците во Виена и Австрија, предводени од македонската црковната општина „Св.Наум Охридски“, на 11 oктомври со почеток во 20 часот во нивната црковна сала, организираат хуманитарен концерт, чии приходи ќе бидат наменети за помош на изградбата на македонската црква „Св. Злата Мегленска“ во Загреб.

На концертот ќе настапат македонската група „Сесија Бенд“ од Македонија и „Балканика Бенд“ од Словенија, а ќе присуствува и делегација од Загреб, која ќе ја предводи претседателката на управниот одбор на МПЦО „Св. Злата Мегленска“ од Загреб, Јулијана Кениг.

Организаторите од Виена апелираат на што помасовен собир на овој концерт, „за и уште еднаш да се подаде рака и да им се помогне на браќата и сестрите во Хрватска“.

„Ајде да оставиме уште еден белег, ајде да подигнеме Божји храм и во нашите срца и во центарот на Загреб. Ајде да ја испишеме и оваа убавина во новата историја, ајде да го реализираме и овој преубав проект да гo изградиме и овој храм во Европската епархија, како што тоа го сторија и нашите браќа со храмовите „Св. Наум Охридски“ во Малме, Шведска, „Св.Наум Охридски“ во Тринген, Швајцарија, „Св.Никола“ во Маинц, Германија. Ајде да сториме нешто што ќе биде истовремено добро и за спасителот наш и за нас самите“,стои во соопштението на Роберт Петрески, заменик секретар на црковниот одбор на МПЦО „Св. Наум Охридски“ во Виена.