Хуманитарен концерт за Србија и БиХ во Скопје

Хуманитарен концерт за Србија и Босна и Херцеговина ќе се одржи на 28 мај во салата Борис Трајковски во Скопје.

На концертот ќе настапат Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Ареа, Нокаут, Тони Зен и Кристина Арнаудова.

Влезниците за концертот ќе бидат во продажба од 21 мај по цена од 500 денари. Во продажба ќе бидат пуштени 10 илјади влезници.