Хуманитарен концерт за Тамара во Велес

Хуманитарен концерт ќе се одржи вечерва во спортската сала „Гемиџии“ во Велес на кој ќе бидат собрани средства за лекувањето на малата Тамара.

Ќе настапат групите Виртуз и Соната, балетското студио „Анабела“, Мики Секуловски, Наташа Малинкова, Александар Тарабунов, Ренната, Виктор Апостоловски, Викторија Лоба, Димитар Андоновски, Наде Талевска, Роберт Билбилов и Нина Јанева.

Собраните средства ќе бидат уплатени на „Фондот за Тамара“.