Хуманитарен настан и промоција на музички спот

Денеска во 21.30 часот во МКЦ – Кино Фросина преку најразлични манифестации и наградни игри ќе се собираат што повеќе средства за да и се помогнеме на студентката од Правниот факултет Ивана Величковска која боледува од леукемија и потребни и се средства за лекување.

Посетителите ќе бидат во можност да ја видат промоцијата на првиот спот на групата „Улична Мисла“ со професионално озвучување. Ќе следува и настап на “Break Dancers” под мотото “Играј и живеј здраво” и ќе се доделуваат награди на присутните:
*Панорамско надлетување над Скопје со авион во времетраење од 30 минути претставено со слоганот –“Биди Хуман и полетај со Улична Мисла”.
*Доделување на ваучер за тетовирање во вредност од 50 евра кај уметничката и тату артист, Емилија Пендева
Албумотот ќе се продава по цена од 100 денари, а сите собрани средства ќе бидат донирани за младата Ивана.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.