Хуманитарен пикник на „Алкалоид“ за Детската клиника

Во комплексот „Бест Вестерн – Хотел Белви“ во населбата Илинден, в сабота од 11 до 15 часот ќе се одржи четвртиот по ред хуманитарен пикник на „Алкалоид АД Скопје“.

На пикникот ќе присуствуваат вработените на Алкалоид АД Скопје, членовите на нивните  семејства и пријатели кои ја искажаа својата хуманост донирајќи средства во Фондацијата „Трајче Мукаетов“.

Парите кои се собрани ќе бидат наменети за опремување на Одделот за неонатална интензивна нега на Клиниката за детски болести при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.