Македонија

Хуманитарна акција на Македонците од Канада за поплавените подрачја

Хуманитарна акција на Македонците од Канада за поплавените подрачја

Во канадскиот град Мисисага, во просториите на македонската православна црква „Св. Илија“ вчера се одржа хуманитарна акција на која беа собрани 9.400,00 канадски долари.

Паричните средства ќе бидат уплатени на Црвениот крст на Македонија и потоа распоредени по најзагрозените краишта низ Републиката и до семејствата на кои помошта им е најнеопходна.

Македонската хуманост и подготвеност да се помогне на татковината кога за тоа е најпотребно беше изразена преку јавната аукција на уметнички слики, накит, икони и други рачно изработени дела донирани од Македонци.

kanada_mkdd_@

Бројни беа и донациите во пари, но и на оние кои и со купувањето на кулинарски специјалити подготвени од македонските семејства придонесоа кон собирањето на споменатата бројка, што сигурно ќе им помогне на дел од настраданите во неодманешните поплави во Македонија.

Организатори на хуманитарната акција се здружението Play, dance&Laugh со Надица Дилева и Даниела Шојлева, а во координација со Македонска нација на Боби Темелков и управата на црквата „Св. Илија“.