Хуманитарна акција на младите сили на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ОК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Пробиштип – Марјан Митевски, Претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ Пробиштип – Влатко Јордановски, Потпртеседателот на ОК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Пробиштип – Стефан Насевски и останати членови на Општинскиот комитет денес се вклучија во акцијата „Се грижиме за старите лица“ по повод големиот христијански празник Божиќ.

Тие на неколку стари и социјално – загрозени лица како знак на внимание им подарија скромен пакет со Божиќни намирници. Воедно со оваа акција тие ја негуваат христијанската традиција и ја покажуваат својата хуманост да се помогне на оние на кои им е најпотребно ова внимание. Тие на сите граѓани им ги честитаат Новогодишните и Божиќните празници со желба за многу здравје, среќа, бериќет, благосостојба и хармонија во семејствата

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.