понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 1

Хуманитарна акција на МНТ за поплавените подрачја

Директорот на МНТ, Дејан Пројковски денеска најави дека хуманитарната акција започнува со изведбата на стендап комедијата на Сашко Коцев по што во понеделник на сцената ќе биде изведена претставата „Не се клади на Енглези“.

мнт

Поврзани вести

Македонскиот народен театар во петок ја почнува хуманитарната акција „МНТ – театар на хуманоста и солидарноста“ со која се вклучува во активностите за помош на поплавените подрачја во скопскиот регион.

Директорот на МНТ, Дејан Пројковски денеска најави дека хуманитарната акција започнува со изведбата на стендап комедијата на Сашко Коцев по што во понеделник на сцената ќе биде изведена претставата „Не се клади на Енглези“. Во вторник на програмата е „Сомнително лице“, во среда „Свадбата на Фигаро“, на 12 септември „Брачна игра“, а на 17 септември премиерно ќе биде изведена претставата „Прекината одисеја“ која е во копродукција со Театарот во Полска.

– Македонскиот народен театар секогаш се труди да биде театар на сите граѓани и ова е почетокот на акцијата, рече Пројковски.

Уметничкиот директор Тони Михајловски изрази надеж дека со оваа акција ќе им помогнат на граѓаните кои беа поплавени од невремето што на 6 август го зафати скопскиот регион.

– Се надеваме дека со овој наш мал гест ќе им помогнеме на оние луѓе на кои животот им се помести од основната оска, да се вратат во нормалата на живеење, рече Михајловски.

Актерот Сашко Коцев со чија стендап комедија започнува хуманитарната акција ги повика сите заинтересирани граѓани да дојдат во театарот и заедно да помогнат за поплавените подрачја.

Најчитани вести