Македонија

Хуманитарна акција „Подарете љубов и хуманост за Денот на жената“

Хуманитарна акција „Подарете љубов и хуманост за Денот на жената“

На 7, 8 и 9 март под мотото „Подарете љубов и хуманост за Денот на жената“ ќе биде спроведена хуманитарна акција со која за секој купен производ со осмомартовска декорација од слаткарницата „Magic Cake“ ќе се донираат по 10 проценти за Здружението за борба против ракот „Борка“.

– Подарете букет од рози – мафини, роза во кутија, подарете колаче со порака, слатка кутија полна со чоколадни рози – мафини за вашите најсакани дами, жените на вашиот живот, а со тоа подарете хуманост на оние на кои им е најпотребна, велат организаторите.

Со купување на еден десерт со осмомартовска декорација се донираат 10 проценти од вредноста на производот како хумана поддршка за потребите на Здружението за борба против ракот – „Борка“.