Хуманитарна акција за поплавените во битолско

Од утре ќе почне санацијата на патот кој беше прекинат со цел повеќе да биде излеана реката Црна за да не настрадаат населените места. За утре се очекуваат нови врнежи од дожд и снег, а од недела пониски температури, така што тогаш ќе престане и топењето на снегот, изјави Министерот Миле Јанакиески, координатор на републичкиот кризен штаб, кој ги повика граѓаните да ја покажат својата хуманост преку донирање на објавените сметки.

Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски, информираше дека се решаваат проблемите кои се појавија со пресекувањето на регионалниот пат, поставена е платформа како пешачки мост, а целосно поплавена е една куќа во Новаци од која жителите се иселени, додека на 20 семејства им се заканува опасност. Превентивните интервенциите продолжуваат  со цел заштита и на битолските села:

„За сите оние кои сакаат да помогнат, во сабота Црвениот крст организира една голема акција на Магнолија, во Магаза и горното Веро. Има потреба од хигиенски средства и вода. Во моментов најкритично е во Новаци. Проекцијата е дека следниов период превентивно ќе интервенираме околу Оптичари и Егри. Интервенции договорени се и кај: Скочивир, Елешка Река и во близина на РЕК – Битола“, изјави градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески.

Вклученоста на сите субјекти, добрата подготвеност и брзата интервенција се клучните фактори кои помогнаа во спречувањето на поплави од уште поголеми размери. Состојбата на теренот ја скенираат и здравствените работници кои веднаш после подобрувањето на условите, ќе преземат мерки за заштита од заразни болести.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.