Македонија

Хуманитарна акција „Заедно за еден детски живот“ во Охрид

Хуманитарна акција „Заедно за еден детски живот“ во Охрид

Под мотото „Заедно за еден детски живот”, новинарите од Охрид упатуваат апел за помош до сите хумани граѓани. На 11 годишно момче од Охрид, кое боледува од многу тешка болест потребно му е итно лекување во Кина. Третманот на клиниката “BY” во Пекинг чини 35 000 евра. Семејството не е во состојба да ги плати трошоците за лекување. Се молат сите хумани граѓани и институции да помогнат донирајќи финансиска помош.

Броевите на кои можете да донирате се:
ONE – 075 143 113
VIP – 077 143 155
Т MOBILe – 070 143 105

Повикот чини 100 денари + ДДВ.
Уплата може да се изврши и на следната жиро сметка: 530500017615254 Охридска Банка

Во склоп на хуманитарната акција ќе се одржи и “2 MOTHERS BROTHERS” – кабаре шоу на двајцата охридски актери Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски во понеделник хуманитарно пред охридската публика. Картите се со промотивна цена од 100 денари, а самото купување се донира за лекување на болно дете од Охрид.

Сите заинтересирани граѓани можат да купат карти во ЦК „Григор Прличев” и кафулињата „Милениум”, „Стилс”, „Објектиф”, „Аквариус” и „Куба Либре”. Карти ќе може да се купат и во недела на Градскиот плоштад на големиот хуманитарен хепенинг, што го организираат охридските новинари и Црвениот крст.