Хуманитарна акција „Подари топли празници“

На иницијатива на Црвениот крст на Град Скопје и Скопје Сити Мол, во овој треговски центар во тек е големата хуманитарна акција „Подари топли празници“ во која можат да се донираат топла облека и обувуки, наменети исклучиво за помош и подршка на бездомните лица на територијата на град Скопје.

Во Скопје Сити Мол ќе биде поставен штанд на кој во периодот 10 до 21 часот секој ден, волонтерите на Црвениот крст ќе ги собираат и систематизираат донациите.
Граѓаните ќе имаат можност со донација од најмалку 50 денари во касата на Црвениот ќе добијат новогодишна честитка со репродукција на слика од познатиот македонски уметник Масин, како знак на благодарност.
На денешната прес-конференција, што се одржа во Скопје Сити Мол организаторите на акцијата упатија апел, како што посочија, со здружени сили да се обидеме да им ги стоплиме празниците и срцата за цела наредна година на овие беспомошни лица“

Лицата за кои е наменета донацијата се регистрирани бездомници на територијата на град Скопје, во пунктот за бездомници лоциран во Момин Поток кој е единствен во земјата. Во декември 2010 беше отворено и прифатилиште кој се отвора во услови кога се многу ниски температурите и во кој бездомниците се сместуваат веднаш на нивно барање или на повик на граѓаните и институциите.