Хуманитарна аукција за донација во СОС детско село

Капитол мол изминатиов период беше полн со млади луѓе кои со своите родители го бараа своето омилено парче облека за нивната матурска вечер. Поттикнати од нив и од посетителите, Капитол мол ја организираше кампањата „Креатори на насмевки“, во чиј склоп се одржа хуманитарна аукција за донација во СОС Детско село.

Секоја година ги гледаме нашите деца како растат, како завршуваат средно образование и се подготвуваат за матура. Овие денови тие прославуваат еден важен период кој ги води по патеката на самостојниот живот. Проектот „Креатори на насмевки“ е многу важен за нас, затоа што ги поттикнува луѓето да бидат хумани и општествено одговорни и заедно им испраќаме порака на децата дека е време да ги остварат своите соништа и дека не се сами во тоа. За таа цел би сакала да упатам огромна благодарност до Капитол Мол како организатори на проектот, Карписа и ФОН Универзитет кој се погрижија за прекрасните чанти, како и Џус Бар Диван како домаќини на настанов, а и воедно го понудија наменски направениот коктел „smile creator“,  изјави Александра Спасевска од СОС Детско село.

Уникатните чанти од Карписа, дизајнирани од студентите од Факултетот за дизајн и мултимедија, предводени од Никола Ефтимов и Александар Рашковиќ, беа дадени на аукција во живо. Средствата кои беа собрани ќе бидат наменети за матурантите од СОС Детско село за да си го купат своето омилено парче облека за својата матура.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.