Хуманитарна аукција за уредување на дворот на Клиниката за детски болести

Регионалниот Центар за животна средина (РЕЦ) Канцеларија во Македонија, по повод Денот на планетата Земја, 22-ри април, ќе организира хуманитарна аукција под мотото: “Од децата за децата“. Собраните средства ќе бидат наменети за хортикултурно уредување на дворот на Клиниката за детски болести во Скопје.

Предметите кои ќе се продаваат на аукцијата се рачни изработки и литературни и ликовни творби на ученици од основните училишта во Република Македониј.

Аукцијата ќе се одржи на ден: 22 април 2014 год. од 12-14 часот во фоајето на Природонаучниот Музеј на Македонија.