Хуманитарна наградна игра за децата со оштетен вид

Обезбедување средства за отворање центар за помош на лица со визуелен хендикеп односно за децата со оштетен вид е целта на Здружението НВО Детски свет нов почеток  кое од денеска ја започнува наградната игра во Скопје.

Средствата собрани од проектот ќе се наменат за опремување на пристапен центар Т.С. рехабилитациски центар за ориентација во макро и микро просторот кај лицата со оштетен вид.

Наградната игра ќе биде одржана во Сити Мол каде што ќе биде поставен пункт и преку барабан секој учесник во наградната игра ќе треба да донира 100 денари и ќе извлече топче во кое ќе биде напишана наградата.