Хуманитарна пакети со храна за социјалните семејства во Берово

Во пресрет на божиќните и новогодишните празници Хуманитарната фондација Холандија-Македонија донираше 150 пакети со прехранбени производи за социјално загрозени семејства во општина Берово.

Донацијата ја предаде Зоран Цветковски од фондацијата Холандија-Македонија.

„Нашата хуманитарна дејност во Република Македонија ја почнавме пред 20 години и до сега имаме доделено пакети со храна во вредност од два милиони евра. Ова е втора донација на прехранбени пакети за лицата од социјално загрозени категории во општина Берово“, изјави Цветковски.

При приемот на донацијата градоначалникот Драги Наџински рече дека соработката со Холандската фондација ќе продолжи и за наредната година. Тој најави заеднички проект за отворање дом за стари лица, што ќе се реализира со помош од Министерството за труд и социјална политика.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.