четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 0

Хуманитарна помош од Чешка за мигрантите во Македонија

migranti

Поврзани вести

Хуманитарна помош од Чешка за мигрантите во Македонија. Денес, официјално ќе биде предадена втората пратка материјална помош, испратена со одлука на Владата на Република Чешка за поддршка на македонската Влада во обезбедувањето соодветен хуманитарен пристап кон мигрантите што се движат преку територијата на Македонија по таканаречената балканска траса.

Целосната вредност на втората чешка пратка материјална помош, што вклучува 10.000 ќебиња, 500 вреќи за спиење, 5.000 кабаници, 4.880 изотермни заштитни фолии и 2 генератори за струја, надминува 86 илјади евра.

На предавањето на материјалната помош на терминалот Фершпед во Скопје ќе присуствува амбасадорот на Република Чешка, Мирослав Рамеш.

Инаку, првата пратка хуманитарна помош од Чешка што се состоеше од 10 шатори со голем капацитет со комплетна опрема во вредност од над 38 илјади евра.

Транспортот на двете пратки го обезбедуваат работниците на Службата за спасување од пожари на Република Чешка, а во втората пратка се работи за четири камиони со приколки.

Најчитани вести