Хуманитарна помош, обештетувања и награди за антитерористичката акција во Куманово

Портпаролот Александар Ѓорѓиев соопшти дека Владата денеска ќе одржи седница во врска со антитерористичката акција во Куманово, на која ќе се дискутира и за повеќе аспекти за определувањето на хуманитарна помош и за обесштетување на граѓаните кои имаат штети по нивните објекти и имоти. Се очекува да стане збор и за определување на награди на полицајците кои беа учесници во акцијата.

Вчера премиерот Груевски во своето обраќање најави дека Владата ќе помогне во надминувањето на хуманитарните предизвици во Куманово.

На лицата чии домови беа оштетени заради акцијата на полицијата, освен првичната хуманитарна помош, ќе им биде извршена финансиска надокнада по извршената проценка, истакна премиерот Никола Груевски во вчерашното обраќање.