Хуманитарна помош вредна 45.000 евра тргна за Србија

Пет камиони со по 20 тони собрани хуманитарни средства наменети за Србија, тргнаa денеска. Два од нив тргнаа од пунктот на Црвениот крст во Момин Поток, а се очекува да пристигнат кон краjот на денот. Помошта за Босна и Херцеговина со три камиони е најавена да тргне утре во 10 часот.

Вредноста на денешната пратка е 45.000 евра, а од Црвениот крст апелираат до граѓанте кои ќе донираат следните денови да се фокусираат на храна и средства за лична хигиена како  најнеопходна помош во моментот.

donacija-3

Министерот за транспорт и врски, Миле  Јанакиески, кој беше во Момин Поток кога помошта им се испраќаше на поплавените во Србија, им  се заблагодари на граѓаните за нивната хуманост и истакна дека и во следните денови ќе има испорака на хуманитарна помош за Србија и БиХ.

Јанакиески  нагласи дека до денеска се  собрани 24о тони помош. Тој алелираше до граѓаните и понатаму да продолжат да им помагаат на настраданите и да донираат, првенствено конзервирана  храна, вода и  средства за хигиена.

trgnuva

Преку мобилните оператори хуманите граѓани донирале околу 120.000 евра, а се очекува денеска сумата да биде далеку поголема.

Воедно, тој посочи дека со оглед на временските услови ,кај нас опасност од поплави  нема.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.