„Хуманитарна“ пратка за бегалците со цел арсенал оружје (ВИДЕО)

„Хуманитарна“ пратка за бегалците со цел арсенал оружје
„Хуманитарна“ пратка за бегалците со цел арсенал оружје

Полн брод со оружје вчера е фатен во Грција откако властите се посомневале во пратката која била означена како „хуманитарна помош” за бегалците. Имено бродот пристигнал од Либија, а требало да се истовари во Крит.

Властите во Грција веруваат дека се работи за оружје испратено од ИСИС за терористите кои се инфилтрирани помеѓу мигрантите.

Досега е непознато колку вакви пратки стигнале до рацете на терористи на ИСИС во Европа, но познато е дека во Европа веќе има повеќе од 4.000 броци на ИСИС, пишува „Инфомакс“.

Џихадисти се враќаат во Европа и чекаат знак за напад

Шпанските разузнувачки служби предупредуваат дека во Европа има дури 800 џихадисти, регрутирани од т.н.Исламска држава или Ал Каеда и кои се бореле во Сирија и  Ирак, а сега подготвуваат напади низ Европа.

Сите тиа, како што наведуваат шпанските служби, чекаат инструкции. Во Европа се вратилеи 350 Британци од боиштата во Сирја и Ирак и се голема закана за Британија.

Овие џихадисти се слабо обучени и подготвени, но проблем е што се подготвени на се’. Поминале низ минимален тренинг, но се со испрани мозоци и ќе направат се што ќе им наредат претпоставените, кажал анонимен разузнувач за „Тајмс“.

Овие џихадисти се слабо обучени и подготвени, но проблем е што се подготвени на се'
Овие џихадисти се слабо обучени и подготвени, но проблем е што се подготвени на се’

Исто така, весникот наведува дека многу екстремисти биле под надзор, но во меѓувреме им се изгубила трагата. Најдобар пример за тоа е Мароканецот кој го нападна возот на рутата Амстердам-Париз. Шпанските власти знаеле за него, но го изгубиле кога отпатувал во Сирија.

По тој инцидент и претседателот на Франција Франсоа Оланд признал дека неговата земја има проблем.

Нападот на возот е најдобар доказ дека мора да се подготвиме за идни акции на терористите, посочи Оланд.

И шпанскиот министер за одбрана Франциско Мартинез е изненаден колку малку време му треба на младо момче да стане џихадист.

Овие момчиња многу брзо стануваат следбеници на ИСИС, а веќе за некоку недели се фанатици. Местата за нивно врбување одамна се познати – џамии и интернет, додава Мартинез.

Тој воедно сепофали дека Шпанија и Мароко во заедничка операција заробиле 14 осомничени лица за соработка со ИСИС. Наводно, врбувале луѓе да се придружат на џихадисти и да одат на тренинзи во камови во Сирија и Ирак.