Македонија

Хуманитарна забава во Струга за поплавените во скопско

Хуманитарна забава во Струга за поплавените во скопско

Хуманитарна забава вечер во Струга организираат Црвениот крст на општина Струга и Трет Милениум Скопје, со поддршка на Британската aмбасада,  а собраните средства ќе бидат домирани за настраданите во поплавите во Скопје и околината.

Во рамки на забавата предвиден е перформанс на Nortumberland CEA Coldstream Guards Combined Cadet Forces.

Забавата ќе се одржи во хотелот „Солферино“ од 18 до 20 часот.