Хуманитарната помош од Штип пристигна во Србија

Хуманитарната помош од Општина Штип вчера попладне пристигна во Свилајнац.

Општината соработуваше со Црвениот крст, бројни приватни фирми, граѓански асоцијации и НВО, а во акцијата учествуваа и граѓани на Штип.

Во акцијата која траела два дена собрани се околу 20 хуманитарна помош, а српските надлежни служби од Свилајнац истата ќе ја распоредат во погодените подрачја.

Помошта се состои од количини на вода, храна, санитетски и хигиенски материјал како и облека за различни возрасти. Секој дел од собраната помош е со порака до настраданите а меѓу нив е и помошта од Општина Штип и градоначалникот, прим.м-р Илчо Захариев.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.