петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 0

Хуманитарни концерти на „Охридско лето“ за помош на поплавените

Цената на билетите за двата концерта, кои ќе се одржат во црквата „Света Софија“ со почеток од 21 часот, изнесува 300 денари.

ohridsko-leto-640x294

Поврзани вести

Фестивалот „Охридско лето“ се приклучува во акцијата за помош на загрозените од поплавите во Скопско и приходот од продадените билети за утрешниот и за концертот во недела ќе го намени во хуманитарни цели.

Утревечер ќе настапи пијанистката Нина Костова и гудачкиот квартет Хеншел од Германија, а во недела, 14 август, концерт во рамки на „Охридско лето“ ќе има Државниот камерен оркестар „Академија за солисти” со виолинистот Ајман Мусакајајева од Казахстан и мексиканскиот диригент Хуан Карлос Ломонако.

Цената на билетите за двата концерта, кои ќе се одржат во црквата „Света Софија“ со почеток од 21 часот, изнесува 300 денари.

Хуманитарен концерт вечер ќе одржат и македонските естрадни уметници, кои од 20 часот ќе пеат на Градскиот плоштад во Охрид.

Иницијатор на концертот е пејачката Елена Велевска која несебично ја поддржаа дел од колегите и со заеднички сили ќе  собираат средства за настраданите во поплавите.

– Со овој концерт сакам да ги поттикнам и другите градови да организираат концерти и хуманитарни акции за да се соберат што повеќе донации. Веќе бев во Стајковци и ситуацијата е ужасна, сакам што побрзо луѓето да се избават од тој пекол и да се вратат на своите нормални животи. Ве поканувам вечерва сите коишто сте во Охрид да дојдете на Градскиот плоштад и заедно да донираме. Секоја помош е добредојдена, изјави Велевска.

На концертот ќе настапат уште и Наум Петрески, Зуица Лазова, Ристе Ристевски, Анастасија Петреска, Ѓоко Таневски, Петар Нечовски, Анета Наковска и многу други.

Освен на концертот, во Охрид може да се донира помош за настраданите секој ден од 10 до 18 часот на пунктот поставен на Градскиот плоштад.

Најчитани вести