Магазин

Хуманитарни претстави за поплавените во Штип и околината

Хуманитарни претстави за поплавените во Штип и околината

Поради  вонредната состојба во Штип и околината, Театар Комедија  одлучи приходот од изведбата на претставата „Стјуардеси“ која ќе се одигра на матичната сцена на 3 февруари, да биде целосно дониран на Општина Штип со цел да им се помогне на загрозените подрачја во форма на храна, облека и обувки.

Кон акцијата ќе се приклучат и Драмски Театар со претставата „Човекот кој го изеде светот“ на 6 февруари и МНТ со претставата „Не се клади на енглези“ на 7 февруари.

Одете во театар и бидете хумани!